Претседателот на младите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека мора да се стави крај на диригирање на судските постапки.
„Каде е истрага за снимките со генералниот секретар Рашковски?“, праша Јаулески кој рече дека една од причините поради која младите се иселуваат од земјава е неселективната правда.
