Јавниот превоз утре во Скопје по неделен возен ред

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред. Посочуваат дека исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Изменетиот посочен режим, информира ЈСП, е поради верскиот празник Богојалвение (Водици).