Јеремиќ за изборите во САД: Можно е и двајцата кандидати да прогласат победа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ во вечерашното специјално издание на „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тој не би се осудил да предвиди победа на денешните претседателски избори во САД затоа што смета дека е неизвесно.

„Прилично сум сигурен дека утре нема да знаеме кој ќе биде победник на овие избори, односно ќе има контроверзии за тоа кој ја однесе победата. Можно е и двајцата кандидати да прогласат победа, а можно е и само Доналд Трамп да го направи тоа“, вели Јеремиќ.

За потсетување, во вечерашната специјална емисија на ТВ21 гостуваа поранешниот министер Никола Тодоров, претседателот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус, поранешните министри за надворешни работи на Србија и Босна и Херцеговина Вук Јеремиќ и Игор Црндак и аналитичарот Љубомир Филиповиќ, како и студенти од Универзитет Американ Колеџ Скопје.