Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за ТВ21 велат дека како и во досегашната практика нема да коментира изјави на лидери на политички партии или други институции.
„Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува по Известувањето за кое покажувате интерес во онаа форма во која го добил во работа. Доколку некој поседува докази дека известувањето имало поинаква содржина при неговото изготвување, а потоа се направени содржински измени што би значеле извршување на кривично дело фалсификување, како и времето кога тоа е извршено, потребно е тие докази да ги достави до надлежното обвинителство“, велат од ЈО за ТВ21.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на брифинг со новинари приложи документи со кои како што вели тој се докажува дека се фалсификувале записници од МВР кон ЈО.
