Јоханис повторно го номинира Николае Чука за премиер на Романија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Романскиот претседател Клаус Јоханис по вторпат го номинираше вршителот на должноста министер за одбрана Николае Чука за премиер, со задача да формира влада.

За разлика од првиот пат кога Чука беше поддржан од Национал-либералната партија (ПНЛ), номинацијата сега е поддржана од коалицијата составена од ПНЛ, Социјалдемократската партија (ПСД) и Сојузот на Унгарците (УДМР).

По номинацијата на 21 октомври, Чука се обиде да добие поддршка за малцинска влада. Тој поднесе оставка на 2 ноември, еден ден пред неговиот предложен кабинет да се соочи со парламентарно гласање бидејќи либералите одлучија да се обидат да формираат мнозинство за поддршка на владата, објави Romania Insider.

Чука беше номиниран откако мандатарот Дачијан Чилош не доби парламентарна поддршка во октомври. Јоханис требаше да номинира нов премиер кога владата на Флорин Читу падна по гласањето недоверба на Социјалдемократите (ПСД) и поддржани од ПНЛ и поранешните коалициски партнери на УДМР УСР и АУР.

Пензионираниот генерал, Чука претходно беше началник на Генералштабот назначен од претседателот Јоханис во 2015 година. Тој исто така служеше како командант на романските копнени сили. Чука беше привремен премиер во 2020 година, откако Лудовик Орбан поднесе оставка.