Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади го потврди непоколебливиот став на земјата против секој обид за преселување на палестинското население во Јордан. „Нема да дозволиме Израел да ја пренесе кризата во Јордан, доколку има вистински обид да го направи тоа. Палестинците не го сакаат тоа. Јорданците не го сакаат тоа“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
„Тоа само ќе доведе до нова војна во регионот. Ќе ја прошири областа на конфликт, нема да донесе мир. Затоа, повторно, не правете грешка во врска со тоа. Нашата позиција е непоколеблива. Никогаш нема да дозволиме населението да се пресели од Палестина до Јордан. И тоа само ќе го однесе конфликтот во сосема нова димензија која ќе биде опасна и катастрофална за целиот регион“, додаде тој.
Тој посочи дека таквиот потег би бил кршење на меѓународното право и може да го ескалира конфликтот во регионот. Сафади ја истакна важноста на решението со две држави и ја повика меѓународната заедница да работи на мир за да спречи понатамошна ескалација на израелско-палестинскиот конфликт.
