Јавното претпријатие „Национални шуми“ е пред колапс. За лошата состојба сведочи и ЈП Лопушник – Кичево, кое веќе има нов управител, Горан Силјаноски, кој вели дека го затекнал во катастрофална финансиска состојба.
Силјановски вели дека моментално се обидуваат да регистрираат неколку возила за терен, но се соочуваат со тешкотии бидејќи сметката на претпријатието е блокирана.
Вработените на претпријатието во целата држава две месеци не земале плата и се без здравствено осигурување.
Потсетуваме дека ЈП „Лопушник“ Кичево во последните три години од претходните раководители имала повеќе коруптивни афери за злоупотреба на службената положба, како и штета на претпријатието е во вредност од 300.000 илјади евра, постапка која се разгледува, покажа најновото истражување на Еуротинк во 2021 година. Обвиненијата беа отфрлени од претходните лидери.
