Индиската полиција уапси Јутјубер затоа што тој го врзал своето куче за балони со хелиум за да може да полета.
Гаурав Шарма (32) снимил видео од своето куче прикачено на балони, кое потоа го објавил, пренесува BBC .
Кучето полета, а неколку секунди подоцна, некој од балконот на вториот кат од зградата успеа да го фати.
Шарма рече дека ги почитува сите безбедносни процедури, но го избриша спорното видео, по големиот негодување на социјалните мрежи.
Тој го објави на својот канал „Ју Тјуб“, кој има повеќе од четири милиони претплатници.
Во видеото тој рече дека е инспириран од видеа на други јутјубери, кои ги гледал додека прават слични работи.
