Екипата на Јувентус подготвува нов договор за Кристијано Роналдо, со кој Португалецот би останал дел од тимот од Торино во 2023 година.
Сегашниот договор на португалскиот играч истекува во 2022 година, но Јувентус сака да го има уште една година плус.
Иако има 36 години, сезонава Роналдо игра како во своите најдобри денови. Тој заработува околу 30 милиони евра по сезона, а новиот договор нема да се менува многу финансиски.
Роналдо пред неколку дена стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.
