Јужна Африка ќе гради нова нуклеарна централа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јужна Африка ќе продолжи со плановите за изградба на нова нуклеарна централа како дел од пошироките напори за обезбедување долгорочна енергетска стабилност, изјави денес министерот за енергетика на земјата, Кгосиенцо Рамаккопа.

Тој рече дека новата електрана, која ќе се гради во близина на Кејптаун, првично ќе има четири гигавати нуклеарен капацитет, објави Блумберг.

Министерот, исто така, рече дека земјата добила одобрение за продолжување на животниот век на постојната нуклеарна централа Кеберг до 2045 година.