Каде ќе патуваат за дочек на Новата година? – Многу граѓани ќе патуваат во регионот или западноевропските земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каде ќе ги поминат новогодишните празници граѓаните на Македонија и каква беше 2022 за нив. Велат дека не била добра и дека претпочитаат да одморат дома наместо да патуваат надвор од земјава за да прослават.

И покрај кризата, голем број граѓани наоѓаат средства и начин за прослава на Новата година надвор од земјава. Ана –Марија Алексова-Малева од една туристичка агенција вели дека првите понуди кои се пополниле се во близина на Македонија.

Албанија и Турција нудат најповолни цени.

Инаку 2022 од агенцијата ја оценија како успешна според бројот граѓани кои патувале на понудените дестинации.