Голем дел од јадењата кои секојдневно ги подготвуваме, бараат пржење во мала или голема количина на масло. Било да подготвувате крофни или ќофтиња, компири, да пржите јајца или динстате месо, потребно ви е доста маснотии.
Меѓутоа се поставува прашањето, што да правите со остатокот од маслото после подготовката на јадењето?
Голем дел од луѓето го фрлаат низ садоперот или во ВЦ школката, но ниту една од тие опции не е добар.
Постои опасност поради хемиските процеси со останатите соединение, оваа маснотија да се претвори во наслаги и да предизвикуваат запушување кои носат долгорочни последици.
Мала количина на масло може да загади огромна количина на вода, што преставува катастрофа за реките каде се влева канализацијата.
Затоа доколку ви останало малку масло, тогаш соберете го со хартија и фрлете го во ѓубре. Ако остане многу, сочекајте да се излади, ставете го во пластично шише, добро затворете го и фрлете го во корпа.
