Лидерот на демократската партија на Косово, Кадри Весели е позитивен на коронавирус, пренесе РТК.
Весели истакна дека добро се чувствува и дека до целосно опоравување ќе остане во самоизолација.
„Драги граѓани. Предмалку ме известија дека сум позитивен на Сарс-Ков-2. Јас сум добро, и до потполно оздравување ќе останам во самоизолација. Ве повикувам да ги почитувате мерките, да ставате маски и да држите дистанца и хигиена“, напиша Весели на „Фејсбук“.
