Каевски: Платите ќе бидат покачени во образованието – Арсовски: Не ги лажете луѓето, нема да ги покачите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека платите во образованието ќе бидат покачени.

„Во изминатиот период покажавме дека низ дијалог може да се дојде до решение. Решението е 15% покачување на платите во образованието“, вели Каевски.

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачило платите за 4%, во споредба во овие пет години каде платите се накачени за околу 35%.

„Со тоа покажуваме и докажуваме колку оваа Влада се грижи за граѓаните и нивниот стандард“, додаде Каевски.

На ова реагираше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој порача да не ги лажат луѓето зошто нема да ги покачат платите.

„Не ги лажете луѓето, не можете да ги покачите платите“, порача Арсовски.

Во продолжение целата изјава: