Кафето помага во хроничните болести на црниот дроб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новото истражување во Обединетото Кралство, покажало дека конзумирање на кафе може да помогне во спречување на хроничните болести на црниот дроб, пишува „Гардијан“.

Според пишувањето, научниците дошле до ваков заклучот во анализирање на податоци на 494.585 учесници на проектот нарече „Ју-Кеј биобенк“.

Проучувајќи го просечната здравствена состојба на учесниците на проектот во текот на 11 години, и земајќи ги во предвид факторите како што се индект на телесна маса, конзумирање на алкохол и цигари, и научниците откриле дека ризикот од болести на црниот дроб кај оние кои пијат кафе е за 20% помал во однос на лицата кои не пијат кафе.

„Тоа потврдува дека кафето штити од болести на црниот дроб“, рече еден од авторите на студијата професорот Пол Родерик.