Како да подготвите бадеми во шеќер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бадеми во шеќер! Блага закуска што многумина ги враќа во детството! Влезете во оваа авантура и нема да зажалите. Се е готово за нешто повеќе од 20 минути.

Потребно е:

2 чаши сурови бадеми
2 чаши шеќер
1 чаша вода

  • малку течна ванила и анасон во прав

Чашите се 200 мл.

Подготовка:

Шеќерот, бадемите и водата ставете ги во тенџере. Додадете анасон и ванила. Ставете го на средна топлина и повремено мешајте. Ова трае околу 20 минути, кога шеќерот повторно ќе се претвори во прав, тоа е тоа.

Извадете го од шпоретот и силно промешајте за да ги одделите шеќерот и бадемите. Потоа вратете ги на шпоретот на средна топлина и промешајте за да се соедини шеќерот со бадемите.

Веднаш истурете ги бадемите на хартија за печење да се изладат. После тоа, ставете ги во метална кутија за да не омекнат.