Корона вирусот се појави во Италија и забележани се околу 160 инфицирани лица. МНР информира дека околу 23 илјади граѓани, државјани на Република Северна Македонија моментално се наоѓаат во критичните региони во Италија (Ломбардија, Венето и Емилија – Ромања) каде е регистриран смртоносниот корона вирус. За ова, Министерството за здравство заедно со СЗО излезе со препораки како да се заштитите од вирусот.
- По секој можен контакт, мијте ги рацете со сапун и вода и други препарати кои содржат алкохол, користете дезинфекционо средство за раце кое исто така содржи алкохол.
2. Кога кивате или кашлате, покријте го носот и устата со марамче или со рака и потоа измијте ги рацете.
3. Избегнувајте близок контакт со некого кој има симптоми на настинка или симптоми на вирусот
4. При подготовка на храната, месото и јајцата добро термички да се обработат
5. Избегнувајте незаштитен контакт со диви и домашни животни
Инаку корона вирусот за прв пат се појави во провинцијата Хубеј во градот Вухан во Кина, и токму таму има најмногу заболени и најмногу жртви. Во овој град во изминатиов период никој не влегол ниту излегол. До сега вирусот се прошири во над 95 земји во светот и одзеде илјадници животи.
