Веројатно мислите дека ако изгледа како млад компир, тогаш сигурно е така. Сепак, ова не е целосно точно. Продавачите во маркетите и продавниците за храна честопати се обидуваат да ги „измамат“ граѓаните со зеленчук што е всушност постар отколку што изгледа.
Затоа, обрнете внимание на овие сигнали:
Младите компири не можат да имаат р’кулци, па затоа доколку ги забележите, бидете сигурни дека станува збор за сорта што само наликува на младите компири.
Освен тоа, младите компири ја имаат таа особина да не можат долго да бидат изложени „на воздух“, односно после една недела тенката лушпа, која ја имаат ќе започне да паѓа, а доволно ќе биде само да поминете со прстите низ нив.