Како еден пингвин се нашол на оддалеченост од 3.000 километри од „дома“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Антарктичкиот пингвин се нашол на брегот на Нов Зеланд откако испливал најмалку 3.000 километри од своето природно живеалиште.

Пингвинот, кога мештаните го нарекле Пингу, бил пронајден изгубен на брегот.

Жителот Хари Синг изјавил дека на почетокот мислел дека пингвинот е мека играчка.

Случајот со откривање на пингвинот Адели е само трет забележан на брегот на Нов Зеланд. Истото се случи во два наврати – во 1993 и 1962 година.

По прегледот и грижата, птицата ќе биде ослободена.

Адели пингвините го населуваат целиот брег на Антарктикот и околните острови. Познати се 38 колонии од овој вид пингвини, се карактеризираат со бели прстени околу очите и можат да достигнат тежина од 4,7 до 5,4 килограми и високи се околу 70 сантиметри.

Добар дел од површината на нивниот клун е покриена со пердуви, а опашката на пингвинот Адели е малку подолга од опашката на повеќето други видови пингвини.