Тема број 1 околу коронавирусот во моментов е вакцината. Ковид-19 е присутен, го има вториот пик, и сега цел Свет е во очекување на вакцината. Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 откри дека здравствениот систем веќе почнува да се подготвува за вакцинирање, и тоа според министерот, ќе биде една од најголемите логистички операции.
„Вакцинацијата ќе биде една од најголемите логистички операции, и веројатно ќе ни треба помош, затоа што треба да се примат вакцините, да се чуваат, и на крај да се дистрибуираат. Веќе на ова поле сериозно работиме. Ги ангажиравме сите економски оператори кои сега ги набавуваат и чуваат вакцините. Искористени се сите вакцинални пунктови. Една американска фондација добивме една донација во фрижидери, за да обезбедиме услови за чување“, рече Филипче.
Министерот откри дека планот е подготвен, и дека во следните денови ќе биде организирана и вежба на терен. Исто така откри кој ќе го врши вакцинирањето.
„Сметам дека во делот на прием, чување и дистрибуција, планот е подготвен. Многу веројатно е дека во текот на следната недела ќе организираме една вежба на терен. ние сме веќе во постапка на набавка шприц и игли. И многу веројатно, ќе донесеме одлука вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри не работат со ковид пациенти. Зошто? Затоа што кога ја очекуваме вакцината, че има уште пациенти со ковид, и веројатно тогаш и тие медицински сестри ќе работат со пациенти со ковид“, објасни Филипче.
Повеќе низ следното видео: