Како изгледа вселенската прошетка од перспектива на астронаут?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Астронаутите кои беа на Меѓународната вселенска станица досега извршиле вкупно 237 вселенски прошетки во времетраење од 62 дена, 3 часа и 54 минути.

Двајца астронаути на НАСА, Виктор Гловер и Мајкл Хопкинс, излегоа од безбедноста на Меѓународната вселенска станица со цел да ги направат потребните работи за одржување на надворешноста од вселенската станица.

За време на прошетката низ вселената, која траеше скоро седум часа, тие успешно ја сервисираа опрема за комуникација и опремата за ладење, но исто така ги почестија и гледачите со уникатен поглед кон станицата и Земјата од нивен аспект.