Како ќе функционира платформата за откривање на плагијат трудови и магистарски? Одговара Јаневска во „Клик Плус“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за образование неодамна најави платформа „plagijat.mk“ на која ќе бидат објавени сите плагијат научни трудови и магистарски, со цел да се спречи оваа појава која е многу честа.

Министерката Весна Јаневска во „Клик Плус“ најави како ќе функционира таа платформа.

„Научниот труд ќе биде поставен на увид на целата јавност. Тие веќе ги има во библиотеките, сега ќе ги ставиме во систем каде што ќе може да се групираат по полиња и области. Ќе видиме каков ќе биде тој систем, и ќе може да се споредуваат со другите. Затоа што знаете, веќе јавно се зборува и меѓу кандидатите и дека меѓу професорите се повторуваат исти или слични магистарски трудови. Тоа е недозволиво. Не може вие на труд да му смените само наслов, и тој да биде друг, кога содржината е иста“, рече Јаневска.