Како ќе го решиме проблемот со загадениот воздух?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од „Зелен хуман град“, Ана Петровска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 разговаравме и за загадениот воздух.

Петровска вели дека загадувањето на воздухот е една област која бара соработка меѓу повеќе институции, но за почеток Град Скопје треба да се започне со миење на улиците затоа што прашината се крева и е наталожена на коловозите.

„Исто така, согласно законот за квалитет на амбиентен воздух Градот Скопје мора да направи план за краткорочни мерки со кои може да ограничи одреден режим на сообраќај да воспостави или да побара од индустриите да го намалат капацитетот на производство. Тоа што е многу важно, знаејќи што е причина за загадувањето тоа се градилиштето, значи комуналните инспектори мора да бидат постојано на терен и да санкционираат доколку се крева прашина на градилиштата“, додаде Петровска.

Во продолжение целата изјава околу овој проблем: