Како ќе работи Собранието во услови на Ковид-19?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот собраниски состав е познат, со очекувани промени во зависност од тоа кој од таму ќе замине во министерски води или на други позиции во извршната власт. Рокот за свикување конститутивна седница од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери е 4 август, и тој веќе изјави дека дотогаш ќе ја свика седницата.

Собраниските служби се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

По изборот на нов собраниски спикер, и координатори на пратеничките групи, се очекува веднаш да се пристапи кон избор на начинот на работа на новото Собрание, имајќи ги предвид превентивните мерки за заштита од Ковид-19, но и ресурсите и можностите со кои располага Собранието и неговиот објект. Можни се неколку сценарија, па дури и одржување седници на далечина (online), за што е потребно менување на Деловникот за работа на Парламентот, но и технички предуслови во смисла на соодветна опрема и компјутери, како и компјутерска програма и заштита на безбедноста. Собранието, според информации од службите, делумно ги исполнува условите за одржување на седници на далечина, а треба да се обезбеди софтвер за препорзнавање на ликот на пратениците (face recognition software). Пратениците гласаат за закони и прашања од сериозен национален и и државен интерес, така што мора да се гарантира дека токму тие гласаат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во разговорот за МИА минатата недела потврди дека за одржување на онлајн седници е потребно менување на Деловникот за работа и дека за тоа треба да одлучи новиот состав на Парламентот. Независно од ситуацијата со Ковид-19, Собранието бараше менување на актуелниот систем за гласање во парламентарната сала. Џафери обезбеди средства со ребалансот на Буџетот за оваа година, но потоа овие пари му беа земени на Собранието поради кризата со коронавирусот.

Како што брифираат од Собранието, едно од сценаријата што би било можно е одржување седици како во српскиот парламент, односно по десет пратеници од пратеничка група да бидат во пленарната сала или да се менуваат, а гласањето да биде во Големата сала со Купола и гласовите да се бројат рачно бидејќи таму засега не постојат услови за вградување систем за гласање.

Собраниски и комисиски седници согласно здравствени протоколи 

Членови на Комисијата за заразни болести заедно со членови на Комисија формирана од собраниската служба заедно ги провериле сите активности преземени по налог на Џафери во однос на почитување на превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот и одржувањето на конститутивната седница, но и другите следни пленарки, како и седниците на парламентарните комисии.

– Во Собранието беше претседателот на Комисијата за заразни болести да ги прегледаме протоколите, рече Џафери за МИА, повторувајќи дека конститутивната седница ќе ја свика во рокот, што истекува на 4 август, и дека таа ќе се одржи во салата со Големата купола каде може да се запази одржувањето дистанца.

Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова вели дека од почетокот на кризата се почитуваат мерките во собраниската зграда. За Конститутивната седница посочува дека собраниската разботна група работи директно со член на Комисијата за заразни болести.

-Ќе бидат запазени сите протоколи. Работната група во која има претставник на Комисијата за заразни болести е во завршна фаза. Седницата, како што знаете, ќе се одржи во Големата сала со Купола. Ќе се обезбедат сите заштитни мерки за сите вклучени, како и за поканетите гости така и за новинарите. Прес-конференциите ќе се одржуваат во Кристалната сала, која е поголема. За пратеничките групи, што ќе се формираат, се обезбедени посебни сали, големи за да може да се обезбеди дистанца, појаснува Иванова.

Пред одржувањето на конститутивната седница целосно ќе биде дезинфициран објектот на Собранието, а тоа во изминатите месеци е направено уште два пати.

На денот на одржување на Конститутивната седница ќе се мери температура на секој што ќе дојде во собраниската зграда, пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.

За тоа како ќе се одвиваат пленарните седници потоа и седниците на рабаотните тела, вели дека, според условите ќе се донесат и такви протоколи, но дека за тоа треба да одлучуваат претседателот на Собранието и новите координатори на пратеничките групи, и оти се ќе зависи од политичката воља на тие што се застпени во Парламентот.

Од почетокот на пандемијата, иако пратениците веќе беа распуштени, се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Иванова за МИА вели дека на влезот во зградата има дезинфициони средства, како сунгер со средство за дезинфекција за чевли и средство за дезинфекција на раце. На секој кат и пред секоја поголема сала има бескотактни апаратчиња за дезинфекција на раце. Вработените во собраниските служби низ зградата се движат со маски, а во канцеларија нема повееќе од двајца, а доколку големината не дозволува тогаш по еден службеник. Постојано се дезинфицира и се пребришуваат кваките и гелендерите.

Влез на медиуми во Парламентот

Кризата со коронавирусот предизвика промени и во работата на новинарите и медиумите. Како што се најавува, имајќи ја предвид актуелната состојба со коронавирусот, најверојатно бројот на медиумските работници во Собранието ќе биде ограничен, а нивните активности ќе се следат во живо преку Собраниските канал и со стримови во живо. Конститутивната седница ќе се следи преку Собранискиот канал, а прес-конференции ќе бидат организирани во Кристалната сала каде што би имало доволено простор за одржување дистанца.

Според истражувањето на Парламентарниот институт, во Албанија е забранет влез за медиумите за време на кризата со коронавирусот. Во Австрија е дозволен пристап на новинарите единствено на парламентарните седници. Во сите други случаи, присуството на медиуми во Парламентот не е дозволено.вВо Молдавија медиумски активности исклучиво дозволени во центарот за медиуми на Парламентот. Во Словенија поставен привремен центар за медиуми во лобито на зградата на Парламентот. Присуството на медиумите во Словачка е дозволено единствено надвор од зградата. Во Финска е обезбедена посебна локација за медиумски активности, како и за спроведување на интервјуа под посебни услови и безбедносни препораки.