Како коронавирусот се шири низ воздухот? Филипче: Избегнувајте собири во затворени простории

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ризикот од зараза е најголем во затворените простори, но може да се намали доколку се применуваат превентивните мерки за негово ширење. Шпанскиот весник Ел Паис направи истражување за веројатноста од зараза во три секојдневни ситуации, каде што се земаат предвид три веројатни сценарија – да нема заштита, да се користи заштита и времетраењето на изложеноста на заразата.

Доколку шест лица се соберат во приватен дом, од кои едниот е заразен.

Без оглед на тоа дали се одржуваат безбедни растојанија, ако шест лица поминат четири часа заедно зборувајќи гласно, без да носат маска на лице во просторија и без вентилација, петмина ќе се заразат.

Ако се носат маски за лице, четири лица се изложени на ризик од инфекција. Само маските нема да спречат инфекција доколку изложувањето трае подолго време.

Ризикот од инфекција се спушта под еден, кога сите во групата користат маски за лице, се скратува времетраењето на собирот за половина и просторот се проветрува.

Баровите и рестораните се сметаат за места каде секоја зараза многу полесно се шири.
Доколку во бар со капацитет намален за 50 отсто има 15 гости и тројца членови на персоналот, прозорците се затворени и нема механичка вентилација, 14 од клиентите ќе бидат заразени по четири часа престој во барот.

Ако се користат маски, ризикот од инфекција се намалува на осум заразени.

Ако просторијата се вентилира, што може да се направи со добар климатизер, а времето поминато во барот се скрат, постои ризик дека само едно лице ќе се зарази.

Ако земеме пример училница со 24 ученици како пример за затворен просор, најризично сценарио е училницата да биде без вентилација и наставникот да е заразеното лице.

Ако децата два часа поминале во училница со заразен наставник, без да се преземат мерки за заштита, постои ризик до 12 ученици да се заразат.

Доколку сите носат маска за лице, бројот на оние кои би се заразиле опаѓа на пет. Во реални епидемии, забележано е дека секој од учениците може да се зарази без оглед на нивната близина со наставникот, бидејќи аеросолите се дистрибуираат по случаен избор околу просторијата без вентилација.

Доколку просторијата е проветрувана за време на предавањата, било со свеж воздух или механички, и часот е намален, ризикот драматично опаѓа.

Ризичноста од заразување во затворен простор ја потврди и министерор за здравство Венко Филипче.

„Вирусот секогаш се пренесува преку близок респираторен контакт. Тоа значи дека капките, солите што излегуваат од усната шуплина за време на зборувањето се практично капките преку кои што вирусот се пренесува. Колку е подолг и физички поблизок контактот помеѓу некој заразен и потенцијално човек кој што би можел да се зарази, толку е поголем ризикот. И во таа смисла во затворена просторија која што не се проветрува доколку има голема концентрација и бројка на луѓе кој што не носат заштитна маска ризикот тука е исклучително висок. Доколку се носи маска, секако дека ризикот се намалува уште повеќе ако бројот на луѓе во една затворена просторија е помал и доколку истата често се проветрува.“, рече Филипче.

Во таа смисла како што рече, се и препораките да не се одржуваат домашните слави и собири каде што концентрацијата на луѓе на едно место е многу голема.