Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на прашањето на ТВ21 како би го решил спорот со Бугарија, доколку тој биде на премиерското столче.
„Решение мора да има, доколку сакаме да напредуваме, но не можеме да измислуваме решенија. Мора да се водиме на фактичните решенија. Не можеме да седнеме на маса да преговараме за нешто што не е за преговарање. Сега некој премиер ги изгубил сите позиции, се однесува како коцкар на нашите животи, како човек кој залутал во политиката, и потоа очекувате други политичари, затоа што не знаете што има ветувано овој, затоа како приоритет тој да не е на преговарачка маса“, вели Мицкоски кој во студиото донесе договор за мир во 1941 година потпишан од страна на сојузниците (Обединетото Кралство, СССР, Австралија, Југославија) и Бугарија.
„Таму пишува дека Бугарија е сојузник на хитлерова Германија. Во еден член од договорот стои дека од 1947 година, Бугарија е обрзана да плаќа репарација на окупираните територии на поранешна Југославија, денешна Македонија“, изјави Мицкоски.
Мицкоски рече дека сега Заев го поништува тоа, и за да им се „допадне“ на Бугарите, кажал дека Бугарите кога влегл на наша територија, биле пријатели.
„Заев направи целосно урнисување на позициите. И кога ќе седне наспроти преговарачите, не може да се врати назад од она што го има кажано, но ако седне друг, ќе отвори други факти и сметам дека може да се најде“, рече Мицкоски.
