Во Брзата помош во Скопје имало дури до 100 интервенции за 24 часа, посочи раководителот на Итната помош при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало.
Бубало за ТВ21 вчера објасни на кој начин граѓаните можат најдобро да се заштитат од топлото време:
- Да не се излегува во период од 11 до 17 часот
- Да се носи светла и лесна облека
- Да се носи шапка на главата
- Да се консумира доволна количина на течности
- Да се консумира свежо подготвена храна
Во овој период треба да се избегнуваат алкохолни пијалоци и тешка храна
Инаку, граѓаните можат да побараат здравствени совети на линијата 02 15-123 кај „Ало докторе“ или кај матичниот лекар.
