„Како не се најде еден Албанец во овие 100 години за премиер“, прашува Изет Меџити од ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последните 100 години немаше ниту еден квалитетен Албанец за еднаш да го скрши мразот и да стане премиер, праша Изер Меџити од ДУИ вечерва во изборната дебата на ТВ21.

„Мислам дека дојде време премиер на биде Албанец. А, зашто да не? Го слушнав претходниот соговорник, дека треба да биде квалитетен. Во оваа земја во последните 100 години немаше ниту еден квалитетен Албанец  за еднаш да го скрши мразот и да стане премиер?  Значи проблемот не е во тоа дали е квалитетен или не, туку, тука е создадено мислењето дека за некои одредени позиции има монопол, односно дека  мора да биде од македонската страна.  Тука може да биде и Влав, како што е Хари Костов, кои не се ниту 1% во државава, кој е квалитетен кадар , но не може да биде Албанец кои се повеќе од 25%, кои застапуваат и други заедници, кои собрани заедно можат да бројат близу 50%. Сметам дека од ова нема да профитираат само Албанците, прво ќе профитира Република Северна Македонија, бидејќи ќе се создаде подобар интегритет, подобра лојалност од Албанците кон оваа држава, а над се,  кога сме кај сегментот квалитет, сметам дека нашиот кандидат е најквалитетниот кандидат за премиер. Доколку како основа ја земаме неговата биографија , три мандати беше еден од најуспешните пратеници во Собранието. Тој е познат експерт и аналитичар на правните и политичките процеси“, изјави Изет Меџити од ДУИ.

Во изборната дебата вечерва дебатираат дел од кандидатите за претеници од првата изборна единица.