Како од септември ќе изгледа наставниот процес? Дали ќе се прави скрининг на наставниците пред почетокот на учебната година? Одговара Караџовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, за ТВ21 откри дека вчера на состанокот била присутна и делегација од министерството за образование на која се разговарало за почеотокот на учебната година. Сепак, Караџовски не сакаше да открива детали, односно остави тоа да го стори министерството за образование.

„Ние ќе мора на ваков или онаков начин еден ден да ги отвориме училиштата. На ваков или онаков начин мора да ги отвориме градинките“, рече Караџовски.

Целата изјава низ следното видео: