Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од „Зелен хуман град“ Ана Петровска денеска гостува во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
За почеток ја запрашавме како неа и помина првиот ден од изборната кампања,
„Ова е една интересна ситуација на многу кандидати, кои што сакаат да ги презентираат своите програми и нема да биде многу лесно на граѓаните да изберат помеѓу понудите бидејќи тие се прилично слични бидејќи истите проблеми сите не тиштат во градот“, вели Петровска.
