Премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ утре и задутре во Скопје ќе се сретнат со група бизнисмени со кои ќе разговараат околу можностите на т.н. мини Шенген.
Како гледа на иницијативата за мини Шенген и колку овие три земји, па и Македонија можат да не приближат до Европската Унија го запрашавме професорот Марјан Бојаџиев од Американ Колеџ Скопје кој гостува вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој вели дека ова веројатно е прв чекор кон поширока интеграција на шесте земји на Западен Балкан.
„Апсолутно е позитивна приказна посебно што очигледно сите имаме сериозен проблем и полноправното членство станува доста неизвесно“, посочи Бојаџиев.
Тој потсети и дека веројатно и Европската Унија започнала на ист начин, односно денешните 27 земји започнале со шест земји со европската заедница и Договорот за јаглен и челик, од каде полека прераснувала и била Европска и економска заедница се до 1992 до договорите во Мастрихт.
Целото интервју со професорот Бојаџиев можете да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
