Како што во текот на вчерашниот ден објави ТВ21, токму актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа вест од партијата ја потврдиле за Фокус.
Инаку, се посочуваат и кандидатурите за овие пет општини:
- Орце Георгиевски – Кисела Вода
- Дарко Костовски – Бутел
- Александар Стојковски – Ѓорче Петров.
- Бобан Стефковски – Гази Баба
Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва испратија и демант во кој негираат дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори.
Од таму велат дека „ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време, во текот на наредната недела ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021 година“.
