Каков е фидбекот од поддршката на малите и средните претпријатија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За тоа каков е фидбекот од поддршката на малите и средните претпријатија денеска во „10 Минути“ на ТВ21 разговаравме со економистот Горан Рафајловски.

Рафајловски посочи дека секоја компанија, микро, мали и средни претпријатија се носители на повеќе 90% на вработувањата во Македонија, а државата и 1 милијарда да обезбеди за нив безкаматни кредити, кои не мора да бидат безкаматни до крајот, државата сепак ќе извади профит од тоа.

„Од причина што земањето на кредитите ќе значи повторно реставрирање на стопанството и повторно плаќање на даноци, повторно плаќање на придонеси, големување на бројот на вработени и тоа во вкупниот профит ќе донесе многу повеќе“, порача Рафајловски.