„Бесими беше одличен студент“, вели екс министерот за финансии Трајко Славески во „21МИНУТА“ на ТВ21 за сегашниот министер Фатмир Бесими.
„Малку од јавноста знае дека Бесими е мој студент, беше одличен студент, еден од најдобрите, јас му бев ментор за дипломска работа, локален ментор за неговата магистратура. Одржуваме контакти, си праќаме честитки, пораки… Сега имав прилика, да присуствувам на една средба организирана на поранешните министри за финансии, и разменивме мислења. Немало време за потесна соработка за некои совети“, рече Славески.
Тој смета дека Бесими „влегол во гоган“ со оваа функција, односно дека станал министер во време на голема криза.
„Влезе во оган, јас сум поминал како министер во една голема криза. Треба да придружува на едно правило, дека добар министер за финансии е оној кој може да му каже „не“ на премиерот“, вели Славески.
