Какви санкции ЕУ подготвува за Русија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европа утрово се разбуди од звукот на сирените во Киев. Во 10:00 часот во Париз започна советот за безбедност на претседателот Емануел Макрон, кој остро го осуди рускиот напад врз Украина. Советите за безбедност во моментов се одржуваат во голем број други земји.

Вечерва во 21 часот ќе се одржи вонреден Европски совет. Се очекува да биде усвоен пакет санкции против Москва.

Според прелиминарните податоци, се очекува да биде блокиран пристапот на Русија до новите технологии. 

Руските средства во странски банки ќе бидат замрзнати. Пристапот на руските банки до европските финансиски пазари ќе биде прекинат.

Овој пакет санкции се очекува да биде едногласно усвоен. Дури и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е познат по неговите блиски врски со Владимир Путин, изрази поддршка за казнените мерки против Москва.