Елвир Садиковиќ од Асоцијацијата на туристички водичи во денешното издание на емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека нивната професија е многу специфична.
„Ние сме културни работници на оваа држава бидејќи секоја група која доаѓа во посета или престојува во Македонија, било да е организирано од наши туристички агенции или странски оператори, ние сме тие кои што први воспоставуваме контакт со групата. Така да, првите впечатоци и импресии за нашата држава сите тие странски, но и домашни гости го добиваат од нас“, посочува Садиковиќ.
Во продолжение тој објасни и какви вештини треба да поседува еден туристички водич:
