Кал и дупки на улицата „11 јули“ во Кичево, таму има основно училиште и интернат на гимназијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кал, вода и дупки. Ваква е состојбата во населбата каде се сместени основното училиште „Кузман Јосифоски Питу“ и средното училиште во Кичево. Патот е таков со години, од 60-тите, се жалат жителите и додаваат дека до сега никој не интервенирал да се поправи.

-Секогаш е тука катастрофа, мириса на канализација, децата учат овде. Ги прашавме директорите, но директорите се менуваат, сега има нов директор, ако направи нешто, тука е работено и е така е три недели, а тоа е опасно, гледате и самите, општината не реагира во овој дел, работат во останатиот дел од градот.

-Јас живеам овде и оваа населба и улиците се такви со години, баравме да се санираат но не наидовме на слух.

За ваквата ситуација ТВ21 побара изјава и од општина Кичево од каде ни рекоа дека се работи на поставување на цевките на канализационата мрежа и дека истата ќе се санира штом престанат врнежите и времето е погодно за асфалтирање.