Министрите за одбрана на Европската Унија дадоа „широка поддршка“ за проширување на обуката на украинската армија во случај на прекин на огнот, изјави денес шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.
„Го поздравувам тоа што денес има широка поддршка за продолжување на мандатот на нашата воена мисија на ЕУ за обезбедување обука и совети во Украина по какво било прекин на огнот“, изјави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика по состанокот во данската престолнина.
Дипломатите рекоа дека проширувањето на мисијата ќе бара едногласна одлука од 27-те членки на ЕУ.
Калас претходно во главниот град на Данска, актуелниот претседавач со Европската Унија, објави дека алијансата би можела да го поддржи Киев со тоа што ќе продолжи да ја обучува украинската армија и со зајакнување на нејзината одбранбена индустрија.
Министрите собрани во Копенхаген, исто така, разговараа за безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на борбите.
