Камала Харис во Сингапур: САД се трајно ангажирани во Азија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американската потпретседателка Камала Харис порача денеска дека САД се „трајно ангажирани” во Азија, во момент кога ситуацијата во Авганистан предизвикува загриженост меѓу сојузниците на Вашингтон.– Нашата администрација вети континуирана посветеност кон Сингапур, југоисточна Азија и Индо-Пацификот, истакна Харис во Сингапур, од каде ќе замине во посета на Виетнам.

Харис истакна дека САД се „светски лидер и сериозно ја сфаќаат таа улога”.

Многу азиски земји, кои долго време за својата безбедност се потпираа на американското влијание или американските сили, чекаат охрабрувачки сигнали од САД по хаотичното повлекување од Авганистан и пристигнувањето на талибанците на власт.