Каматата на аукцијата за деветтата еврообврзница што денеска се одржува, како што објавува „Блумберг Адриа“, изнесува 7,6 проценти.
Министерството за финансии денеска соопшти дека се одржува аукцијата за деветтата еврообврзница и повеќе детали најави за во текот на денот. Од МФ засега нема потврда за објавата на Блумберг Адриа.
– Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност, соопшти Министерството за финансии.
Еврообврзницата требаше да биде издадена во февруари, но тоа не се случи поради административни процедури односно се чекаше потпис од новиот министер за правда. Од Министерството за финансии тогаш изјавија дека нова аукција ќе биде спроведена веднаш по изборот на новиот министер.