Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА.

Сител пренесува дека биле запленети 500 килограми марихуана.

Од МВР повеќе детали за акцијата најавуваат за утре, кога ќе финишира акцијата која е во тек.

Во Гевгелија денеска се одвиваше и друга акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, каде се запленети околу 200 килограми марихуана и приведени неколку лица.