Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, даде ваква изјава против изградбата на коридорот 8. Слична изјава даде и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Аналитичарот Арбен Раткоцери вели дека се води кампања анти-коридорот 8, а ваквите изјави според него ја отсликуваат вистинската причина на оваа кампања која се води веќе 2 децении.
„Отпорот е главно од оската на коридорот 10 Белград – Атина со Скопје како крак или огранок на оваа оска каде што знаеме дека про – српскиот дух или како што јас го нарекувам про српската држава што е инсталирана особено во безбедносните, научните и медиумските институции, отпорот е многу, многу голем секогаш кога има нешто кое претставува или кога се калкулира некаква корист за Албанците“, вели Арбен Раткоцери.
Раткоцери исто така додаде дека никого не можеш да обвиниш за нешто кое реално се уште не почнало да се гради.