Премиерот на Канада, Џастин Трудо најави дека земјата ќе прими 40.000 бегалци од Авганистан.
– Канада прифаќа 40.000 бегалци и ние ги охрабруваме другите земји да ја зголемат својата поддршка за безбедно сместување на бегалците, напиша Трудо на Твитер.
Претходно, канадскиот министерот за имиграција Марко Мендичино изјави дека Канада ќе прифати повеќе од 20.000 Авганистанци од најранливите групи.
