Канадската телевизија објави погрешно знаме на Хрватска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хрватската репрезентација од 17 часот ќе игра натпревар од второто коло од групната фаза на Светското првенство против Канада.

Во пресрет на натпреварот, хрватскиот грб погрешно беше прикажан на канадската телевизија CBC.

Имено, нивната верзија го има првото бело поле. Останатите знамиња и грбови на земјите од нашата група Ф се правилно прикажани.

Истата телевизија во најавата за натпреварот објави дека „Канаѓаните го запреа најдобриот светски играч за врска Де Брујн, па можат и Модриќ“. На последниот натпревар против Белгија, Канада покажа дека е сериозна фудбалска репрезентација. Избраниците на Џон Хердман одиграа одлично, упатија многу удари, но сепак загубија.