Во август годинава беа стопирани работите на канализационата мрежа од Зајас до Другово – најголемиот проект во Кичево. Работите стигнаа до одреден степен и многу патишта во селата од поранешната општина Зајас беа отворени и станаа речиси непроодни. Со почетокот на есента и зимата, жителите се плашеа во зима како ќе поминуваат по овие патишта, па санацијата и е препуштена на општина Кичево, иако таа е единствениот корисник на проектот.
„Овие патишта што ги гледате пред еден месец беа непроодни и во мизерна состојба како резултат на канализацијата која започна од Зајас и требаше да биде до Другово во Кичево, но всушност канализацијата беше прекината во август или јули годинава а работите не ги продолжија, туку патиштата останаа такви. Жителите веќе не беа загрижени за канализацијата, туку ги загрижуваа патиштата, како ќе бидат проодни во зима. Но, општината вети дека ќе ги средува патиштата без разлика дали ќе се среди проблемот со канализацијата или не. Веќе во село Грешница се санирани и се очекува да се поправат во село Зајас и другите села каде што беа уништени“, “, вели репортерката на ТВ21, Салије Садику.
Градоначалникот на општина Кичево рече дека почнал со санирање на патиштата и прават се за да ги санираат сите патишта кои беа оштетени како резултат на работите на канализационата мрежа.
„Во селата Грешница и Мучај е асфалтиран дел, а во селата Зајас сите ќе ги довршиме, за жителите да не наидат на потешкотии зимава. Додека во 2025 година целосно ќе ги санираме патиштата“, изјави Дехари.
За проблемот со канализацијата, Дехари рече дека прават се за да продолжат работите и дека се во постојан контакт со Министерството за транспорт и врски за да се најде решение.
Потсетуваме, работите беа прекинати затоа што фирмата „ ДООЕЛ Акелик груп “ од Азербејџан, која го доби тендерот, ја обезбеди банкарската гаранција од 2 милиони евра од азербејџанска банка која отиде во стечај, а тоа предизвика компанијата да ги прекине работите. Како што дознава ТВ21, рокот за завршување на проектот е до февруари 2025 година, овој краток рок што го отежнува давањето на уште една банкарска гаранција, па затоа бараат Министерството за финансии како работодавач на проектот да го одложи рок за завршување на работите.