Кандидатите на Општина Теарце ветуваат решенија на проблемите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Општина Теарце со години се соочуваат со недостаток на вода за пиење. Иако постојано се ветуваше дека овој проблем ќе се реши, сè остана само предизборно ветување. И во програмите на кандидатите на Општина Теарце приоритет останува овој проект. Кандидатот на ВЛЕН, Даут Мемиши, рече дека ги добил упатствата од компетентни лица, кои му препорачале ставање во функција на природните филтри, но и решавање на овој проблем.

„Со нашето доаѓање во Општината ќе треба да ја систематизираме како што треба претпријатието кое функционира со неколку села, и во тие села кои ги менаџира, затоа што од жителите имаме многу поплаки, бидејќи услугите не ги добиваат навремено и немаат потенцијал да ги извршат сите можни услуги во тие села.“, вели Даут Мемиши.

Неговиот противкандидат од НАИ, Назим Таипи, вети дека прашањето за пиењето вода ќе се реши во рамките на неговиот четиригодишен мандат како иден градоначалник на Теарце.

„Јас гарантирам дека во рамките на овој мандат ќе го решам прашањето за пиењето вода во сите населени места. Излегов сам и ја видов состојбата во сите населени места. Не е дека воопшто не е инвестирано, има проекти во процес. Тие немаат вода за пиење, но тие проекти треба да се завршат.“, вели Назим Таипи.

Освен водата за пиење, жителите на Општина Теарце се соочуваат со недостаток на канализација. Ниту едно од селата во оваа општина нема канализација, освен селото Теарце кое ја има завршено првата фаза од овој процес. Кандидатите ветија завршување на овој проект. Тие ветија и решенија за дивите депонии, инвестиции во образованието, изградба на стадион во оваа општина и отстранување на казината од населените места.