Треба само малку повеќе да се чита и да се развива културен дијалог, а не политички караници. Политичарите може да се расправаат уште 200 години, а од тоа нема добивка, напротив губат граѓаните. Ова го изјави Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, за време на престојот во Битола, а во контекст на македонско-бугарските преговори и спорот за револуционерот Гоце Делчев. Според Каракачанов добро е што двете држави го слават Гоце Делчев, го почитуваат и двете држави имаат споменици од него. Прашан за тоа дали книгите со воено-историска тематика помагаат за подобро разбирање, бугарскиот министер одговори дека фактите овозможуваат решавање на проблемите.
