Kаракашев: Земјоделците од Македонија работат под производните цени, производот оди преку неколку раце и сите си ставаат маржи!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во денешното емитување на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Ѓорѓи Kаракашев од националната мрежа на земјоделци вели „нашите цени се движат под производните цени, и земјоделците во Македонија работат значи под производните цени“.

-За жал нашите цени се движат под производните цени, и земјоделците во Македонија работат значи под производните цени. Каде е проблемот? Проблемот е баш во тие влезни импути, трошоци, за да произведем ние имаме високи трошоци. И цената која ние ја остваруваме за единица производ е доста висока, вели Каракашев во „Бизнис 21“.