Лоша орална хигиена може да предизвика појава на кариес или болест на непцата, и може да биде погодно тло за размножување на бактерии.
Ако се бакнувате со партнерот, преку плунката можат тие бактерии да завршат во вашата уста.
„Плунката ќе ја одржи влагата во устата, но е одлична за развој на бактерии. Ако се бакнувате со некого 10 секунди, може да добиете и до 80 милиони бактерии“, рече стоматологот Тина Сов.
Како партнерот да го предупредите на хигиена?
За почеток важна е оралната хигиена, што подразбира миење на забите два пати дневно, рече Сов. Исто така потребно е чистење и со забен конец, како и редовна посета на стоматолог.
Храна како што се јаткасти плодови, можат да бидат од голема корист.
Исто така кариесот може да се спречи со пиење на повеќе млеко и вода, и конзумирање на помалку сокови. Конзумирање на суво овошје исто така може да доведе до намалување на шансите за појава на кариес.
