Карло Анчелоти нов селектор на Бразил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот стручњак, актуелен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација.

Како што беше најавено, 65-годишниот стручњак потпиша договор до крајот на Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада следното лето.

„Најтрофејниот тим во историјата на фудбалот сега ќе го води најуспешниот тренер во светот. Карло Анчелоти, синоним за историски достигнувања, беше објавен овој понеделник од претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригес, за нов селектор на репрезентацијата. Италијанецот ќе го предводи Бразил до Светското првенство во 2026 година и ќе го тренира тимот во следните два квалификациски натпревари против Еквадор и Парагвај, следниот месец“, се вели во соопштението на веб-страницата на Бразилската фудбалска конфедерација.